Ние користиме колачиња на нашата веб-страница за наши лични бизнис потреби вклучувајќи следење на Вашите параметри и собирање акумулирани статистики за да анализираме како се користи нашата веб-страница. Со користење на оваа веб-страница се согласувате дека е зачувано колаче.

Глобална веб-страница

Hoya Vision низ целиот свет

Каде што очите се третираат со страст

Поттикнати од страста за иновации и развој, со Hoya Vision постојано ги поместуваме границите. Со помош на темелните истражувања и врвната технологија, нудиме приспособени и оптимизирани искуства – и за професионалците од областа на грижа за очите и за корисниците на очила.

За нас не прави разлика тоа дали сте професионалец од областа на грижа за очите или корисник на очила, ние ќе продолжиме со постојаното рафинирање на нашите процеси и производи за да овозможиме најдобри услуги и производи. Производи и услуги коишто буквално го подобруваат начинот на кој го гледате животот. Онака како што вие сакате.

Hoya Vision start page technology machine holding eyeglass lens

Технологија

Врвната технологија е клучот за перфекција за секој корисник на очила.

Hoya Vision start page quality woman trying on glasses

Квалитет

Квалитетот на Hoya Vision не е само во производите. Квалитетот е во грижата за целосното искуство на клиентите.

Hoya Vision a unique range woman being photographed with hoya technology

Уникатна палета

Она што го издвојува професионалецот од областа на грижа за очите е уникатната палета на производи.

Ги разбираме вашите грижи во однос на бизнисот

Водењето на независна офталмолошка ординација може да ви предизвика чувство дека треба да се борите со силите на пазарот коишто се надвор од вашата контрола. За среќа, можете да изберeте да тргувате со компании коишто ве прават појаки. Ние во Hoya Vision сме успешни само кога и вие сте успешни. Затоа, ајде да направиме офанзива за да се спротивставиме на пазарните околности!

HOYA + ВИЕ - моќта на хармонично партнерство

Слобода

Веруваме дека вие треба да одлучувате што е тоа што е најдобро за вашата ординација. Затоа сме тука за вас – ние нема да ви диктираме што да направите.

Партнерство

Нашата мисија во Hoya Vision е да ви помогнеме да го изградите и заштитите сопствениот бренд, а не да го туркате нашиот.

Иднина

Hoya Vision се интересира за долгорочен однос, а не за краткорочни зделки. Затоа ве поддржуваме да се истакнете со вашиот бизнис - со помош на технологија, иновација и поддршка за најдобрите бизнис практики.

Оваа посветеност не се само обични добронамерни зборови, туку е наше ветување за вас.

Тоа е тоа кога велиме „HOYA + ВИЕ“. И ние, и вие сте посветени на најдоброто услужување на клиентите, а ако работиме заедно, тогаш можеме да достигнеме ниво на перформанс коешто е од корист за сите.

Hoya and You animation lenses

Иновации – без ограничувања

Hoya Vision нуди голем опсег на софистицирани леќи. Вие и вашите пациенти можете да го изберете она што најмногу одговара на нивните потреби. Не само што ви овозможуваме самоуверено да ги советувате пациентите – туку и не инсистираме ексклузивно да ги продавате нашите брендови.

Портфолио со производи

Прогресивни леќи

Прецизни очила за незабележлива транзиција од поглед кон блиску, кон средно или кон далеку

Монофокални леќи

Различни решенија за досега невидена чистина и целосен фокус

Леќи за специјални ситуации

Прецизен вид за внатрешни услови, приспособени дизајни за деца и издржливи спортски леќи

Анти-рефлективни слоеви

Заштита од факторите во животната средина, како сината или ултравиолетовата светлина

Фотохроматски леќи

За максимална удобност и пригодност кога се менува времето

Затемнети леќи

Тренди нијанси, поларизирани леќи, нијанси кои го засилуваат контрастот и рефлективни третмани

Јунику

Очила фокусирани на централниот поглед за најпрецизен вид и совршена рамка

BlueControl

Специјален антирефлективен слој за заштита од дигитални уреди. BlueControl е антирефлективен слој кој ја одбива сината светлина која се емитува од дигиталните уреди како мобилни телефони, ЛЦД и ЛЕД монитори, телевизори и сл. Bluecontrol ги чува очите од напор и напрегање, го подобрува контрастот и штити од сината светлина која делува негативно на очите.

Hoyalux iD LifeStyle V+

Индивидуализирани прогресивни леќи за далечина, средно растојание и близина. Брза прилагодба со речиси никакви дисторзии и аберации кои се чест проблем кај конвенционалните прогресиви.

Addpower 60

ADDPOWER 60 се леќи специјално дизајнирани и наменети за лица кои работат на компјутер, но воедно и читаат документи пред нив.  Имаа слеана адиција од 0.75 диоптрии во делот за читање, па лицето нема потреба од дополнителна акомодација при менување на погледот од документ кон мониотор и обратно. Идеални за канцелариски работници, шалтерски работници, банкари и сл.

Hoya Vision the vision care blog for the eye care professional

Блогот Vision Care за професионалци од областа на грижа за очите

Споделување на мисли и идеи, совети, увид во индустријата и на знаење коешто е корисно за професионалците од областа на грижа за очите.

Оди кон блогот
Hoya Vision the vision care blog for the eyeglass wearer

Блогот Vision Care за корисници на очила.

Споделување мисли, корисни совети и факти што се од корист за корисниците на очила.

Оди кон блогот
Hoya Vision company european flag

Компанијата

Кога Hoya Vision е предводник во нешто, другите ја следат. Веќе 75 години, револуционерните оптички решенија и решенијата за здравствената грижа ги поместуваат технолошките граници за клиентите низ целиот свет. Дизајнот на леќите значително напредна во текот на годините, но едно нешто остана непроменето: посветеноста на квалитетот и иновациите по коишто Hoya Vision е препознатлива компанија.

Hoya Vision работи постојано, за да ги разбере индивидуалните потреби на своите клиенти. Hoya Vision инвестира енормно во истражувања и развој, од најновите дизајни на леќи и најтенките, најиздржливите материјали до наградуваните анти-рефлексивни слоеви и напредната технологија за очен преглед. Резултатот е светски позната палета на производи, којашто нуди тотална грижа за очите.

Дознајте повеќе
Hoya Vision company european flag